Што ќе се појави во Франкфурт

Франкфурт Мотор Шоу е најголемиот саем за автомобили во светот, кој не само што ги собра сите производители на автомобили, туку за годинава има закажано и 159 премиери на автомобили.

Саемот се одржува секоја втора година (само непарни) и моментално е распространет во 12 згради. Секоја парна година, во Хановер се одржува "бизнис" верзијата на саемот на која се изложуваат комерцијални и товарни возила.

Дел од новите автомобили:

Концептот на првиот автомобил на Смарт со 4 седишта. Плус работи на струја.


CLA 45 AMG, направен од карбон фибер, и Мерцедес е подготвен да го стави во редовно производство ако има доволно побарувачка.


Ограничената верзија на Масерати Кватропорте (Maserati Quattroporte Ermenegildo Zegna) во 2014-та треба да влезе во производство.


Golf Sportsvan треба да е наследник на Golf Plus.


LF-NX Crossover концептот на Лексус. Многу е веројатно дека Лексус ќе ги испегла линиите пред почетокот на производството.


Infiniti Q30


Концептот за Пежо 308 R, спортска верзија од 270 коњски сили.


Цитроен го претставува концептот Кактус, кој треба да мине 150 километри со 3,78 литри (1 галон). Тие од страна на вратите се капсули со воздух, кои би требало да го заштитат возилото.


Рено пред саемот ја објави само оваа фотографија од нивниот нов автомобил, кој допрва треба да добие име.


Најновото специјално издание на Бугати, "Жан Бугати," именувано по човекот кој во 1936-та ја превзема компанијата од својот татко, а загинува 3 години подоцна тестирајќи еден од автомобилите на Бугати.


За 30-от роденден Ауди го преставува новиот модел на Ауди Спорт Кватро, овој пат во хибридна верзија.


Концептот Киа Ниро.


TS030 е апдејт на Тојота Јарис со 3 врати. Автомобилот е хибриден, ама развива до 300 коњски сили.


Бентли GT V8 S, купе и кабриолет со мотор од 4 литри и 521 коњска сила.


Првиот кросовер на Јагуар C-X17.

 


10 септември 2013 - 13:07