Дузина Јагуари, БМВ-а и Мерцедеси се оставени напуштени со клучевите во брава, од своите поранешни сопственици милионери, кои пропаднале во економскиот крах во земјата.
Изборот што го имаале нивните сопственици (најчесто странци) е да избегаат од Дубаи или да се соочат со строгите должнички закони.
Само минатата година се оставени над 3.000 автомобили, кои се запленети и продадени од тамошната полиција.
Во целиот тој куп од оставени автомобили е и еден Ензо Ферари, чија цена е меѓу 775 илјади и 1,5 милиони фунти.
"Местото беше вистински златен рудник, се додека 'возот' не излета од шините. Луѓето кои заработија пари, полека почнаа да ги губат. Ако си завршил со некоја голема сметка, постои опаснот дека твоите финансиски проблеми ќе бидат обелоденети. Можеби ќе успееш да покриеш некои сметки ако го продадеш автомобилиот, ама за тоа треба време. Полесно е, едноставно да го оставиш," изјавил еден Британец кој неодамна го напуштил Дубаи.