Таг: дубаи

Дубаи почна со 4-дневна работна недела

За почеток е тест проект и со него се опфатени само дел од државните работници, ама затоа тие што се опфатени не само што ќе работат по 4 дена туку и во тие денови ќе работат по само 7 часа.

Лада ќе го покорува Дубаи

На барање на веројатно никого во Емиратите, Руски Автоваз во блиска иднина конечно ќе отвори свое претставништво во Обединетите Арапски Емирати и во него ќе биде преставена комплетната гама на компанијата.

Дубаи сам си ја направи бељата?

Деновиве се појавија досега невидени и крајно неочекувани видеа од Дубаи во кои градот е комплетно преплавен од врнежи на дожд, слично на нешто што би се случило на северот од Европа или Амазон. И изгледа сами се криви за тоа.

На Дубаи одлично му дојдоа западните санкции против Русија

Русите лани биле најголеми меѓународни купувачи на недвижности во Дубаи, откако градот се покажал како безбедно место за нивните пари и имот, помагајќи му да го сруши својот претходен рекорд за најмногу продадени недвижности во една година.

Дубаи, новиот Лондон за руски олигарси

Како што Западот почна да им запленува имот и да им наметнува санкции на руските олигарси, така се повеќе јахти и приватни авиони на истите овие олигарси почнаа да се појавуваат во Дубаи, најверојатно на подолго време.

Зошто вештачките острови на Дубаи останаа празни

Меѓу мега-проектите на Дубаи беа групата вештачки острови што требаше да наликуваат на планетата Земја и Палмата Џебел Али (средната од трите). Бидејќи е сериозна држава, Дубаи успеа да ги изгради островите, бидејќи се налудничави проекти, не баш до крај.

Во Дубаи отворено најголемото панорамско тркало на светот

Има капацитет од 1.750 луѓе, влезницата е 30 евра, и за овие пари добивате 40-минутно крукче. Високо е 250 метри, и има 48 кабини. За да не се троши простор, за тркалото прво е направен вештачки остров врз кој тоа е изградено.

Фантазија од гол со надворешна

Некогашниот шпански репрезентативец Алваро Негредо, во моментов игра за клубот Ал Наср Дубаи. Синоќа во триумот од 3-0 над Ал Итихад, Негредо во 73' минута постави нови стандарди за гол со надворешна.

Како Сити ја прикажува добрата страна на шеиците, а не киднапирање и бегство на жени

За 11 години, шеиците го направија Сити најголем клуб во Англија: блескава инфраструктура, луксуз, богатство, преубав фудбал на Гвардиола и 13 освоени трофеи. Сезонава клубот тргнува кон првата Лига на шампиони во својата клупска историја.

Кога Федерер и Агаси играа тенис на висина од 321 метар а топчињата летаа во заливот

Работава мечка страв мене не страв. Како ништо да не било, двајцата воодушевени изјавиле дека имале фантастичен поглед над целиот град.

Пола Серија А ужива на Малдиви и Дубаи

Италијанското фудбалско првенство паузира оваа недела. Супер можност за еден тон фудбалери да ја збришат на летување во сред јануари. Повеќето уживаат покрај вода и ретко кој се решил за студ. Милинковиќ Савиќ беше дома на божиќна софра, а неговиот колега Луис Алберто глода ребра.

„Дигиталниот“ Дубаи ќе заштедува 1,5 милијарди долари годишно

До 2020 година сите апликации за вадење визи, плаќање сметки и обновување лиценци, во превод над 100 милиони документи годишно, во емиратот ќе се извршуваат дигитално, со помош на блокчеин технологијата. На овој начин за една година можат да заштедат 25,1 милиони работни часови.

Како во Дубаи се прекинува фудбалски меч

Во регионов сме виделе прекин на фудбалски натпревар да предизвика куче, мачка, коњ, вол, кокошки. Ама во Дубаи се нешто понапредни. Далеку понапредни.

Погрешниот ден за административците од Дубаи да се успијат

Во неделата во 7 и 30, шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, владетелот на Дубаи, се појави во владините канцеларии да види кој е дојден на работа. На сега веќе обострано разочарување, и негово и на вработените, никој не беше дојден. Недела е работен ден во Дубаи.

Девојката која победи на пеколниот маратон во Сахара

Marathon des Sables важи за еден од најтешките ултрамаратони на планетата. Во шест дена се трчаат 251 километар по Сахара. Женскиот маратон годинава го освои Русинката Наталија Седих, фитнес тренер од Перм која живее во Дубаи.

Дубаи за 1 милијарда долари ќе станува уште по Дубаи

Новината е кула вредна милијарда долари која ќе ја засени моментално највисоката зграда во светот - Бурџ Калифа. За комплетен дубајски впечаток нема сè да биде само во големината.

Стомачниот танц на Ѓоковиќ во Дубаи

По уште една победа на турнирот во Дубаи, најдобриот светски тенисер се обиде да научи и некој нов стомачен танц пред тамошните шеици.

Ибра сам решава на кој дава автограм

Како што обично бидува со Златан, во зависност од неговото расположение и добра волја може или пријатно или непријатно да ве изненади. Затоа што е природен во секоја прилика.

Му даде жолт за стоj на раце

Поранешниот шпиц на Монако, Ибрахима Туре во моментов игра во Дубаи, а на последниот натпревар доби жолт картон затоа што на раце чекаше да се изведе корнерот. Моментот на почетокот ќе го забележите во десниот агол и потоа на крајот.

Покер на Милан против Реал Мадрид во Дубаи

Со головите на Ел Шарави (2), Жереми Менез и Џампаоло Пацини, Милан го победи кралскиот клуб и го освои Дубаи Челенџ трофејот. Роналдо и Бензема стрелаа за Мадриѓаните, кои претходно имаа 22 победи по ред и не знаеа за пораз од септември.

Учител против ученик, Анчелоти против Инзаги

Познанството меѓу Пипо Инзаги и Карло Анчелоти датира од пред 15 години, кога соработуваа во Јувентус, па во Милан. Прво беа напаѓачот и учителот, а сега ќе се сретнат како тренери во Дубаи, на Челенџ купот каде од 17 часот ќе играат Реал Мадрид и Милан, најтрофејните европски клубови.

Дубаи, не е сè во брзината

Логиката е за да стигнеш побрзо до место на некоја несреќа ти треба Брза помош што може да развие што поголема брзина, на пример 260 км/ч. Ништо од оваа логика не води кон Лотус Евора. Ама не и во Дубаи.

После нафта, шопинг

Има кули, водопади и толпа продавници, кои се простираат на површина два пати поголема од Ватикан, ова е најновиот и најголемиот трговски центар во Дубаи и во светот - The Mall of the World.