Проектот е на претседателот на Емар пропертис, Мухамед Алабар, чии планови се зградата да се заврши пред 2020-та и да биде подарок за Дубаи за организирањето на Саемот за недвижнини и градежништво.
Зградата чија точна висина ќе се открие по изградбата, е дизајнирана од шпанско-швајцарскиот архитект Сантијаго Калатрава. По изглед ќе наликува на минаре закотвено во земја со кабли, опколено со градини.
Бурџ Калифа од 2010-та го држи рекордот за највисока зграда во светот меѓутоа наскоро се очекува да биде надмината од саудиската 2 милијарди долари вредната Џеда кула која треба да достигне висина над 1 километар.
Уште незавршена, се знае дека Џеда кулата ќе биде надмината од Скај мајл кулата во Токио. Планот е таа да биде готова до 2045-та, да има капацитет за 55.000 луѓе и да биде висока 1,7 километри. Моменталниот рекордер, Бурџ Калифа, е висока 830 метри.