Информацијата за отворање претставништво во Дубаи ја соопшти првиот човек на компанијата Максим Соколов за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург.
„Неодамна, пред само неколку месеци, лично потпишав договор со еден ланец салони во Дубаи дека ќе бидат дистрибутери на нашиот Лада Бренд ќе бидат присутни и на главниот булевар, каде што се наоѓаат сите водечки брендови на светот.
Во блиска иднина ќе биде отворен и Лада салон, а првите автомобили што ќе ги продаваме преку партнерскиот салон се за тестирање,“ изјавил Соколов.
За Дубаи рускиот производител ќе овозможи целиот опсег на модели да им биде достапен и на залиха.