Трговскиот ветува "климатски контролиран град во град," а неговите креатори го замислуваат како атракција во која "туристите ќе можат да минат 1-неделен престој без воопшто да заминат или да користат автомобил."
Проектот чини 7,4 милијарди долари и ќе има вкупна површина од над 4,5 милиони метри квадратни, од кои 740.000 метри квадратни ќе бидат за трговскиот, ќе има 7 километри климатизирани улици под стаклен покрив, најголемиот забавен парк на затворено во светот и стадион со 15.000 седишта. Кога ќе биде готов (за 10 години од сега) се очекува низ него да проаѓаат 180 милиони посетители годишно, кои ќе може да се сместат во 20.000 соби со кои располагаат 100-те хотели во трговскиот.
Зданието ќе биде изградено од Дубаи Холдинг, компанија блиско врзана со државата, и тоа изгледа како уште една ставка од планот на шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум (владетелот на Дубаи), да го трансформира малиот емират од јалов остров во меѓународен шопинг метрополис и трговски центар.
Сето ова се гради на место кое веќе го има Дубаи Мол - моментално најголемиот трговски на светот со 1.200 продавници - и Мол оф Емирејтс, во кој има 700 продавници и терен за скијање на затворено.
Освен ова што веќе постои и што е почнато со градење, се разработуваат и плановите за World Expo 2020-та, кој ќе вклучува изградба на комплексот Градот на Арабија кој ќе опфаќа трговски од 371.000 метри квадратни и 66 милијарди долари вредниот Mohammed Bin Rashid City, кој ќе биде уште еден џиновски трговски со вили, Универзал студио паркови и забавни паркови.
Со години аспирациите на Дубаи се да стане најголемата, најдобрата и најраскошната шопинг мека на светот, која ќе биде подобра од Париз, Лондон, Њујорк и Хонгконг. И сето ова треба да го постигне со популација од нешто над 2 милиони луѓе, од кои мнозинството се странци дојдени на работа.
Оправданието зад мегаломанските проекти на Дубаи е што нивните резерви за нафта се очекува да бидат исцрпени во следните 20 години, а тамошните владетели го сметаат туризмот за единствен излез од потенцијалната криза.