Откако новиот коронавирус ги премина кинеските земјени и водени граници, многумина се надеваа дека во овој, 21-ви век, брзо ќе дознаеме како ни се случи оваа белја. Чувме за лилјаците, научивме што е тоа панголин, се гадевме од кинеските пазари но никогаш не ја слушнавме целата приказна.
Не ни беше кажано што точно се случило, но затоа ни беше кажано дека сите разумни луѓе се сигурни во тоа што НЕ се случило. 27 научници во „Лансет“ го срочија тоа вака во средината на 2020 година:
„Ние сме обединети во тоа силно да ги осудиме теориите на заговор кои сугерираат дека СОВИД-19 нема природно потекло“.
Соработникот на Мат Таиби, Мат Орфалеа, има скоцкан еден маестрален колаж од она што едногласно се кажуваше до пред некое време, чиста бламажа за информативниот свет во кој живееме.
Не треба многу да се потсетуваме за да ни текне од каде оваа едногласност за не-лабораториското потекло на вирусот, кога тоа, потеклото, уште никој го немаше докажано. Просто, Трамп сугерираше дека вирусот можеби потекнува од лабораторија и можеби не е најприроден во свет. Доволно за корпоративните медиуми да се престројат во стратегијата: „Штом Трамп рекол едно, ние го тврдиме спротивното.“
И тоа Орфалеа го демонстрира во еден пократок клип:
Идејата дека болеста можеби потекнува од лабораторија, наеднаш повторно стана прифатлива минатата пролет, кога луѓе како д-р Ентони Фаучи почнаа јавно да ја дозволуваат. Проверувачите на факти кои оркестрираа жестоки тиради за „теории на заговор“ одеднаш отстапија.
Интернет платформите како Фејсбук кои брутално ги кинеа таквите тврдења, тивко објавија:
„Во иднина нема да ги отстрануваме тврдењата дека ковид-19 е вештачки или е човечки произведен“.
Уште пред две години излезе оној француски научник со Нобелова награда за откривање на ХИВ вирусот и кажа дека е доста сигурен оти ковид е направен во лабораторија. Се здадоа ли горенаведените љубители на вистината во истражување на таа опција? Аха, исто колку што се здадоа во истражувањето на смртта на Епстајн. Требаше Трамп да замине а Фаучи да проговори поинаку, па одеднаш да се смени целата таа плоча.
„Сè уште не знаеме што ја предизвика пандемијата“, пишува Таиби, “но не е тоа овде поентата“.
Концептот да ѝ кажете на јавноста дека сте толку сигурни во нешто кога очигледно не сте, е нов и загрижувачки. Не толку одамна, не постоеше ниту еден одговорен медиум кој априори ќе отфрлеше хипотеза, барем сè додека мистеријата не биде темелно решена.
Да не е завера да поверуваме дека не постојат завери?
*************
Спомнатиот нобеловец, Лук Монтање, го имаме и во статијата:
„Излишно е задолжително вакцинирање во време на омикрон“.