Федералните судови што ги разгледуваат наредбите за вакцинирање од администрацијата на Бајден - вклучувајќи ја и усната расправа на Врховниот суд - се фокусираа на административни законски проблеми. Овие декрети покренуваат и уставни прашања. Меѓутоа има и поедноставна причина зошто судиите треба да ги укинат овие наредби: ширењето на омикрон варијантата.
Би било нерационално, правно неодбранливо и спротивно на јавниот интерес владата да наредува вакцини без каков било доказ дека вакцините се ефикасни во запирање на ширењето на патогенот што го таргетираат. Да, токму тоа се случува тука.
И двете наредби - од Департманот за здравство за здравствените работници и од Агенцијата за безбедност при работа за големите работодавци во многу други индустрии - се издадени на 5 ноември. Во тоа време речиси сите случаи на ковид-19 во САД беа од делта варијантата, и двете агенции соодветно ја анализираа делта, и заклучија дека вакцините се ефикасни против нејзе.
Овие заклучоци сега се застарени. Од 1 јануари омикрон претставува повеќе од 95% од случаите на ковид-19 во САД, според процените на ЦДЦ. Бидејќи некои од 50-те мутации на омикрон е познато дека ја избегнуваат заштитата од анти-тела, бидејќи над 30 од овие мутации се на шпицот што се користи за започнување на имунитетната реакција од постојните вакцини, и бидејќи имаше масовно заразување со омикрон во масовно вакцинирани заедници, научниците се крајно несигурни дека постојните вакцини можат да го спречат неговото ширење. Како што ЦДЦ објави на 20 декември „се уште не знаеме... колку достапните вакцини и медикаменти ќе функционираат против него.“
Врховниот суд стои на одлуката од случајот Џејкобсон против Масачусетс (од 1905) дека правото да се одбие медицински третман може да се изземе кога општеството има потреба од спречување на ширењето на заразна епидемија. Во петочката усна расправа, сите судии потврдија дека федералните наредби се базираат на оваа логика. Меѓутоа наредбата за вакцинирање за да се спречи ширењето на болеста бара докази дека вакцините ќе го спречат ширењето или пренесувањето на заразата (наместо само да се ефикасни против сериозен исход како хоспитализација или смрт). Како што објаснува СЗО: „ако задолжителната вакцинација се смета за неопходна за прекинување на ланецот на пренесување и превенција од наштетување на други, треба да има доволно докази дека вакцината е ефикасна во спречување на сериозно заразување или пренесување.“ За омикрон, такви докази се уште нема.
Малкуте податоци што ги имаме го покажуваат спротивното. Една студија открива дека по 30 дена вакцините на Модерна и Фајзер повеќе немаат никаков статистички значителен позитивен ефект против заразување од омикрон, а по 90 денови, нивниот ефект станал негативен - односно вакцинираните луѓе биле повеќе подложни на заразување од омикрон. Потврдувајќи го ова откритие за негативна ефикасност, податоците од Данска и Онтарио индицираат дека вакцинираните луѓе имаат повисоки стапки на заразување со омикрон отколку невакцинираните.
Во меѓувреме, веќе одамна е познато дека вакцинираните луѓе кои ќе фатат ковид се високо заразни, а прелиминарните податоци од целиот свет покажуваат дека ова важи и за омикрон. Како што директорката на ЦДЦ изјави минатото лето, виралното количество во носовите и грлото на вакцинираните луѓе заразени со делта „не се разликува“ од она кај невакцинираните луѓе, и „тоа што вакцините повеќе не можат да го направат е да го спречат пренесувањето на вирусот“.
Има некои првични докази дека третата доза може да го намали заразувањето со омикрон, но ефектите од тоа изгледа дека брзо бледеат, а не знаеме дали повторувањето на бустерите ќе биде ефикасен одговор за ширењето на омикрон. Ова меѓудругото зависи и од сериозноста на болеста што ја предизвикува омикрон, што е уште една голема непознаница. Според ЦДЦ доминантното мнозинство од симптоматските случаи на омикрон во САД биле благи. Најдобрата политика може да е да му се дозволи на омикрон да го истера своето додека во исто време се заштитуваат најранливите, природно имунизирајќи го најголемиот дел од населението преку заразување со релативно бенигната варијанта. Како што сер Ендру Полард, првиот човек на британскиот Комитет за вакцинирање и имунизирање, кажа во неодамнешно интервју „не можеме да ја вакцинираме планетава на секои четири или шест месеци. Тоа не е одржливо, ниту можеме финансиски да си го дозволиме“.
Во секој случај, задолжителното вакцинирање што го разгледуваат судовите не опфаќа бустери. Тие го дефинираат „целосно вакцинирање“ како две дози Модерна или Фајзер, или една доза Џонсон и Џонсон.
Омикрон беше малку споменат во петочната усна расправа на Врховниот суд, но судиите - посебно оние најнаклонети кон задолжителното вакцинирање - изгледа како да се измачуваа се драстично погрешните претпоставки. Судијата Стивен Брејер изјави дека ако се продолжи со задолжителната вакцинација, тоа ќе ги спречи сите нови случаи на ковид - по 750.000 на ден, како што кажа тој. Ова е крајно погрешно. Исто е и со тврдењето на судијката Соња Сотомајор дека „имаме над 100.000 деца... во многу сериозна состојба, многумина на респиратори“. Според владините податоци моментално има помалку од 3.500 потврдени педијатриски хоспитализации од ковид, и тоа вклучува пациенти кои биле позитивни или биле хоспитализирани заради други причини.
Во многу случаи судовите испраќаат регулатива назад до државните агенции за повторно да ја разгледаат истата заради појава на драматично променети околности. Ако постапката на агенцијата „не е одржлива сама по себе, соодветен судски пристап е да се повлече постапката и да се врати материјалот назад кај агенцијата за дополнително разгледување,“ како што тоа го објаснува Апелацискиот суд за Округот Колумбија.
Ниту една од двете агенции кои ги издадоа наредбите за задолжително вакцинирање не го земаа предвид омикрон, ниту кажаа збор околу ефикасноста на вакцините против него, од едноставна причина што тој се уште не беше откриен. Во овие околности, правниот принцип бара судиите да ги укинат наредбите и да ги вратат назад кај агенциите за повторно разгледување.
Лук Монтање (добитник на Нобелова награда за медицина во 2008),
Џед Рубенфелд (изучувач на американскиот устав),