Погрешниот ден за административците од Дубаи да се успијат

Во неделата во 7 и 30, шеикот Мухамед бин Рашид ал Мактум, владетелот на Дубаи, се појави во владините канцеларии да види кој е дојден на работа. На сега веќе обострано разочарување, и негово и на вработените, никој не беше дојден. Недела е работен ден во Дубаи.

Тој ги посетува канцелариите на Одделот за земјиште и Одделот за економски развој. Во видеото споделено од канцеларијата за медиуми на Дубаи, 67-годишниот шеик, кој е и потпретседател и премиер на Емиратите, има прилично смирена прошетка.


via

Како резултат на прошетката, на девет високи функционери од Дубаи им беше наредено да се пензионираат. За разлика од порано овој пат не е идентификуван ниту еден од отпуштените функционери.


via

Овие проверки беа карактеристични за периодот од почетокот на подемот на Дубаи од пустински град во бизнис центар, па според тамошните медиумите службениците не требало да се изненадени од ова.

30 август 2016 - 17:27