Во 2022 во Дубаи биле регистрирани над 86.000 трансакции за продажба на резиденцијален имот, со што е надминат рекордот од 80.000 трансакции поставен во 2009. Годината Дубаи ја завршува со вкупно продаден недвижен имот во вредност од 56,6 милијарди долари, што е зголемување од 80% во споредба со 2021.
Цените на недвижности во Дубаи за 2022 растат за само 11% што е забавување во однос на 2021 кога цените пораснаа над 21%. Со вакви бројки Дубаи останува еден од ретките пазари во светот каде цените за недвижности не паднаа во 2022.
Посебен извештај покажал дека во 2022 во Дубаи се продадени рекордни 219 ултра-прајм резиденции, кои ги опфаќаат сите недвижности поскапи од 10 милиони долари, што е повеќе од два пати отколку во 2021.
Процената е дека на недвижностите отпаѓа околу една третина од економијата на Дубаи.