Како Сити ја прикажува добрата страна на шеиците, а не киднапирање и бегство на жени

За 11 години, шеиците го направија Сити најголем клуб во Англија: блескава инфраструктура, луксуз, богатство, преубав фудбал на Гвардиола и 13 освоени трофеи. Сезонава клубот тргнува кон првата Лига на шампиони во својата клупска историја.

Но Манчестер Сити не е само грациозност и убавина. Во сенка на бројните триумфи и трофеи стои монументален план на шеиците за ребрендирање на Обединети Арапски Емирати, земја во која се случуваат многу мистериозни и страшни работи.

Секако дека никој не се прашува од каде на овој клуб толку пари и зошто на шеиците воопшто им треба фудбал. Им треба од причина што новите успеси лесно ги заташкуваат непријатните прашања.

СЕРИОЗЕН ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ И ЛЕЖЕЊЕ ВО ОПАСЕН ЗАТВОР

„Третиот или четвриот ден, не сум баш сигурен, ми предолжија да украдам документи од британското Министерство за надворешни работи. Ме фати паника и одговорив: „Дури и да сакам, не можам, затоа што не работам таму. Во камерата чувствував дека се гушам. Еднаш сонував дека сум обесен. Секој пат кога ме водеа меѓу ходниците, ми ги врзуваа очите и ми ставаа лисици“.

Ова е извадок од интервју на аспирант на Даремскиот универзитет, Метју Хеџес чија мајка во тоа време работела и живеела во Дубаи. Во ноември 2018 година него го притвориле службите на Дубаи под сомнение за шпионажа против ОАЕ во полза на британските специјални служби. Хеџес негирал и рекол дека дошол тука за научна работа. Според исказ на роднините, него не му го покажале обвинението, на суд бил само пет минути и не добил право на адвокат.

Хеџес зад решетки поминал 7 месеци, а потоа го помилувал лично претседателот на ОАЕ, Халифа ибн Заид ал Најан.

Кога се вратил дома во Англија, Метју напишал опсежна колумна за The Atlantic, каде раскажал како го пумпале со лекарства, за суицидните мисли кои ги имал, како и за вресоците од соседните ќелии.

Кога Хеџес бил затворен, популарниот британски водител Пирс Морган напишал твит, кој собрал 1.600 лајка и повеќе од 400 ретвита: тој ги призивал сите навивачи на Манчестер Сити да ги бојкотираат натпреварите на својот клуб, се додека затворениот Англичанец не се врати дома.

Реакцијата на Пирс останала само на лајкови и ретвитови. Медиумите слабо ја поддржале идејата на Морган, а најмногу го поразила ревноста со која навивачите ги бранеле сопствениците и политиката на Емиратите.

КАКО Е ПОВРЗАНО АПСЕЊЕТО НА ХЕЏЕС И МАНЧЕСТЕР СИТИ?

Соптвеникот на Сити, шеик Мансур е член на владеачкото кралско семејство на ОАЕ, братучед на шефот на државата. Мансур никогаш не се занимавал само со бизнис. Во татковината тој е и важен државен чиновник: има две клучни должности - заменик премиер и министер за самоуправа.

Претседател на Манчестер Сити е Халдон ал Мубарак.

Ал Мубарак ја води политиката на клубот во медиумите и одлучува за трансферите. Тој е висок маж со наочари и мошне сериозен изглед. Стекнал висок степен на образование од областа на економијата и финансиите на престижниот универзитет Тафтс во САД.

Ал Мубарак е важен не само за Манчестер Сити. Тој е и генералден директор на инвестицискиот фонд на компанијата Mubadala, која вложува пари во корист на ОАЕ во целиот свет.

Ал Мубарак има уште неколку должности меѓу кои и член на Вишиот нафтен совет и претседател на Емиратската коропорација за јадрена енергетика. New York Times го нарече најблизок советник на кралското семејство кое бескрајно му верува.

Консултатот од Human Rights Watch, Николас Мекгиан вели дека власта на Ал Мубарак во Сити е многу поголема од онаа на шеик Менсур кој се претставува како главен, а реално не управува со многу работи.

Братот на шеик Менсур е наследен принц на Абу Даби (најбогат од седумте емирати) и наследен принц на Мохамед бен Заид ал Најан.

Шеикот Мохамед бен Заид, пишува New York Times, има репутација на жесток и непопустлив човек. Со негово одобрение дел од армијата на ОАЕ војува во Јемен, каде веќе пет години беснее граѓанска војна и каде пред четири години свои трупи прати и Саудиска Арабија.

Емиратите во Јемен имаат држава во држава: воени бази, логори, седишта, а организацијата Amnesty International и Human Rights Watch пишуваа извештаи во кои стои дека во Јемен има хуманитарна катастофа.

ООН е убедена дека ОАЕ должи некои одговори: коалицијата ОАЕ и Саудиска Арабија бомбардирала школи и болници и се сомничи за убиство на 5.000 невини жители од кои повеќе од 1.000 деца.

Кога во септември 2015 Amnesty International го објавил воениот план на коалицијата, конзулот на ОАЕ во САД, Јусел ал Отаиба пратил мејл во кој стоело: „При изборот на цели однесувајте се одговорно. Макар привремено“. Мејлот бил адресиран и до Халдон ал Мубарак.

Друг важен човек во ланецот одговорности во Сити е Австралиецот Сајмон Пирс, директор на клубот и шеф на стратешки комуникации во Абу Даби, верен пријател на шеикот Заид ал Мубарак.

Пирс направил име во пиар компанијата Burson-Marsteller која работела со романскиот диктатор Николае Чаушеску. Работел и во американските Blackwater и Union Carbide.

Пирс е одговорен за „гланцање“ на образот на Абу Даби во светот. Во 2013 година брендот City Football Group (компанија која владее со Манчестер Сити која поседува 89% акции од корпорацијата на Мансур и ал Мубарак) го купи клубот Њујорк.

Во 2017 година хакери во САД го пробиле мејлот на Пирс. Тие откриле дека на неколку дена пред зделката во 2013 кога Сити го купи клубот Њујорк, Пирс напишал: „Сега кога за купувањето знаат сите, одложување на одлуката за откуп на франшизата и стадионот, создава дополнителен ризик за целиот проект и угледот на сопствениците на групата.“

Емиратите од шеик Менсур направиле прво лице на Манчестер Сити, човек кој секогаш е убаво облечен во одела, мило се смее и не е замешан во војни како шеик Заид. Кога го купувале клубот, тврделе дека Шеик Менсур е вљубен во спортот и фудбалот воопшто, ама тој само еднаш присуствувал на стадионот на Сити.

КОЈ НА КРАЈОТ Е ГЛАВЕН ВО СИТИ?

Шеик Менсур се води како сопственик на клубот, односно на компанијата која има мнозинство акции во Сити. Шеик Менсур само еднаш бил на стадионот „Етихад“ за цели 11 години! Не носи важни одлуки за клубот, веројатно не носи никакви. Поставен е како лице на клубот поради неговата репутација на мирен човек.

Во Емирати тој е заменик на премиерот, министер за управување на претседателот, братучед на претседателот и член на кралското семејство.

Халдон ал Мубарак

Претседател на Манчестер Сити. Тој носи клучни решенија во клубот. Зборува отворени со медиумите и ја води трансфер политиката.

Во Емирати е генерален директор на инвестициската компанија Mubadala. Член е на Вишиот нафтен сојуз, претседател на Емиратската корпорација по енергетика. Десна рука на шеик Заид, веројатно реалниот сопственик на клубот.

Мохамед бен Заид ал Најан

Веројатен прав сопственик на клубот. Во Емирати тој е глава на Абу Даби, наследен принц, одговара за армијата на ОАЕ, има лоша репутација во светот поради војните во Јемен и скриени затвори. Сопственик е на компанијата Mubadala, роднина на Халдон Ал Мубарак.

Сајмон Пирс

Член на управата на Сити. Поставен со цел учеството на ОАЕ во Манчестер Сити да изгледа минимално. Во Емирати: Шеф на стратешките комуникации на Абу Даби. Одговорен е за чистење на честа на Абу Даби во светот. Верен пријател на шеик Заид и Ал Мубарак.

Во ОАЕ се приведува опозиција за постови на социјални мрежи, има жени кои бегаат од земјата

Додека во ’50-те години во Обединети Арапски Емирати не нашле нафта, ова била скромна земја во која се живеело од риболов. Во ’60-те години земјата почнала да извезува нафта, а во ’70-те цената на нафтата пораснала рекордно. Од 1990-та година брутодруштвениот производ на земјата пораснал за 8 пати (од 50 милијарди до 400 милијарди долари) и сега ОАЕ е втора економија во арапскиот свет после Саудиска Арабија.

Развојот на ОАЕ е поврзан не само со природните богатства (имаат и многу гас), туку и со односот кон бизнисот: во 2000-а година во ОАЕ создале бизнис парк за IT компании Dubai Internet City, нешто како Силиконска долина. Таму а почеток се развиле преку 700 корпорации од кои најпознати се IBM, Microsoft, Sony Ericcson.

Денес во ОАЕ активно се води бизнис со целиот свет. Во јули годинава властите им дозволиле на странци да поседуваат 100% од акциите на локалните компании, со цел да привлечат повеќе инвеститори. Минималната плата за граѓаните на ОАЕ изнесува околу 6.000 евра месечно, а просечната 17.500 евра.

Во Емирати се работи за развој на прогресивно општество, но некои проблеми од минатото уште постојат. Главен проблем е нарушување на човековите права и активност на опозицијата.

Во 2011-та година судот во Абу Даби осудил петмина активисти на казна затвор поради „навреда на претставниците на власта“. А тие потпишувале петиција со која се барале демократски реформи и слободни парламентарни избори.

Четворица од осудените добиле 2 години затвор, а познатиот адвокат Ахмед Мансур добил 3 години. Во 2015 година Мансур ја добил наградата Мартин Еналс за заштита на човековите права, а во 2018 одново завршил во затвор поради „навреда на властите на ОАЕ“.

За постови на социјалните мрежи со кои ја критикува власта Мансур добил 10 години затвор и казна од 272.000 долари. Во моментов во затворите на ОАЕ има повеќе од 200 политички затвореници. Според англиската организација за заштита на правата Reprieve, 75% од нив биле подвргнати на мачење.

(видео кое во 2009 година го објави американскиот канал ABC News, на кое се гледа како братот на шеик Мансур мачи африкански трговец. Му фрла песок во уста и очи, го удира со метална шипка и со автомобил му преоѓа преку нозе).

Властите во ОАЕ не реагирале на инцидентот, но подоцна признале дека ужасот се случил. На суд одбраната убедувала дека шеикот бил под дејство на наркотици кои му ги ставиле во пијалак и храна.

Но експерти за Блискиот Исток велат дека на крајот од краиштата во ОАЕ и не е така лошо и црно, во споредба со другите земји од Персискиот Залив. На пример ситуацијата со правата на луѓето е далеку подобра отколку во Саудиска Арабија.

Истовремено законите на ОАЕ се разликуваат во зависност од емират. Ако Дубаи се смета за едно од најлибералните места на Блискиот Исток, тогаш соседниот емират Шарџ е речиси како Саудиска Арабија по прашање на човекови права.

Во 2018 година, медиумите објавиле аудиозапис од студентката Марјам ал Балши, кој тврдела дека во затворот Ал Ватба (предградие на Абу Даби) жените се редовно мачени, тепани и не им се пружа адекватен медицински третман.

Но делото со ал Балуши не ги вознемирува властите на Емиратите како жените кои бегаат. Во 2018-та од премиерот на ОАЕ избегала 32-годишната ќерка, принцезата Латифа бинт Мохамед ал Мактум. Неа подоцна ја вратиле во Дубаи, но судбината не и е позната. Вториот случај се случил пред пар месеци кога една помлада жена на премиерот избегала во Германија.