Се работи за канцелариите на Биа групацијата сместени во делот од пустината на Емиратите која потпаѓа под градот Шарџа, а целиот проект е стокмен од архитектите на Заха Хадид.
Како што Западот почна да им запленува имот и да им наметнува санкции на руските олигарси, така се повеќе јахти и приватни авиони на истите овие олигарси почнаа да се појавуваат во Дубаи, најверојатно на подолго време.
Белата куќа неуспешно пробала да ги добие на телефон лидерите на Саудиска Арабија и Емиратите, за да поразговараат со Бајден околу проблемот со цените на нафтата.
2020-та не престанува да изненадува. Израелскиот Беитар соопшти дека управата почнала преговори со група инвеститори од ОАЕ (Обединети Арапски Емирати), како продолжение на нормализацијата на односите меѓу двете земји која се одвива деновиве под покровителство на САД.
За 11 години, шеиците го направија Сити најголем клуб во Англија: блескава инфраструктура, луксуз, богатство, преубав фудбал на Гвардиола и 13 освоени трофеи. Сезонава клубот тргнува кон првата Лига на шампиони во својата клупска историја.
Новинари и директори на новински компании како Би-би-си, Ал-Џезира биле хакирани од поранешни американски шпиони за потребите на Емиратите, објавува Ројтерс.
Британскиот државјанин Али Иса Ахмад бил задржан во полиција во Обединети Арапски Емирати поради тоа што се прошетал со дрес на Катар, селекција која го освои штотуку завршениот Азиски Куп на нации.
Селекцијата на Катар е на прагот на историски пласман во големото финале на Азискиот Куп на нации откако води со 2-0 против домаќинот на турнирот Обединети Арапски Емирати. Само што Алмоез го постигна вториот гол за Катарците, следуваше дожд од чевли од трибините.
Вицот почнува со „Обединетите арапски емирати доделуваат награди за родова рамноправност“, а завршува со „сите добитници на наградите за родова рамноправност се мажи“, и не е виц.
Во регионов сме виделе прекин на фудбалски натпревар да предизвика куче, мачка, коњ, вол, кокошки. Ама во Дубаи се нешто понапредни. Далеку понапредни.
Саудиската државна новинска агенција објави дека Ријад ги затворил своите граници, прекинувајќи секаков копнен, воздушен или поморски контакт со Катар, со што речиси го изолираше кралството.
Актуелниот шампион на Азискиот Куп на нации, Јапонија изгуби 5:4 на пенали од Обединети Арапски Емирати. Во регуларниот дел беше 1:1, а потоа Хонда и Кагава промашија пенали и самураите испаднаа во четвртфиналето. Противник на Емиратите во полуфинале ќе им биде домаќинот Австралија, а вториот пар е Ирак - Јужна Кореја.
Играчите на Обединетите Арапски Емирати можат да бидат пресреќни што ги бранат боите на својата земја. За победата во финалето против Ирак во Гулф Купот, тие заедно со стручниот штаб ќе поделат награда од неверојатни 37 милиони долари.
Фудбалерите на Ал Ахин при водството од 2:0 против тимот на Ајман, во 87 минута почнаа да го вежбаа на теренот она што го подготвувале на тренинг. Популарниот тики-така неодамна им успеа и на талентираните јуниорски фудбалери на грчкиот тим Јанина.