Абдула Касем кој настапува за Ал Дафра го критикувал и гестикулирал против селекторот на ОАЕ бидејќи не го ставил во игра.
Моментот го снимил негов колега од репрезентацијата, а Касем откако го видел видеото го споделил на интернет.
Судот во Абу Даби и двајцата ги прогласил за виновни поради употреба на телекомуникациско средство со кое ги повредиле чувствата на селекторот, а со тоа го прекршиле и кодексот на однесување.
Двајцата фудбалери на Ал Дафра се суспендирани од својот клуб, а адвокатот на Касем се обидел да го одбрани својот клиент со образложение дека тој е жртва, бидејќи видеото било снимено и објавено без негова дозвола.
Обединетите Арапски Емирати имаат 5 бода во квалификациската група за СП Русија 2018.