Али Иса Ахмад има 26 години и живее во англискиот град Вулвехремптон. Во јануари отишол на одмор во Обединети Арапски Емирати каде се одржуваше Купот на Азиски нации (пандан на Европско првенство).
Додека бил во ОАЕ добил карта за мечот Катар - Ирак одигран на 22 јануари. Купот се одржа од 5 јануари до 1 февруари. Ахмад носел дрес на Катар без да знае дека во ОАЕ тоа е казниво дело за кое може да се заврши во затвор. Откако го затвориле, полицијата му дало право на еден повик а тој се јавил кај другар му Амер Локи:
„Неверојатно. Отишол само да гледа фудбал додека бил на одмор во ОАЕ и ми кажа дека го уапсиле и тепале затоа што носел дрес на Катар. Кога ми се јави до него седеле полицајци па не можешше да збори многу. Не збореше долго. Откако го виделе со дрес, човек од обезбедување го навредувал од кола, па Ахмад отишол да пријави во полициска станица. Таму го обвиниле дека лаже и дека лажно сведочи“, рекол Локи за Гардијан.
Британската канцеларија за надворешни работи по пријавата на другарот на Ахмад соопштила дека работи на негово пуштање на слобода.
„Нè молеше да направиме сè што можеме да го извадиме од таму па го контактиравме Министерството за надворешни работи и побаравме да помогнат. Рече дека ќе ни се јави пак, но од тогаш не сме се слушнале. Шокиран сум дека го уапсиле и навредувале поради фудбалски сред. Сите сме загрижени, ова е многу сериозно“, рекол другарот на Ахмед.
Ваквиот однос на Обединети Арапски Емирати и Катар датира од мај 2017 година кога неколку земји (Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет) ги прекинаа дипломатските односи со Катар поради наводно финансирање тероризам кој ја нарушил стабилноста на регионот.