Пасаран, пасаран...

Во многу држави постои сериозна загриженост од концептот на „државата - дадилка’, концепт во кој државниот апарат ги третира своите граѓани за мало(умни)летни па им регулира безброј ситници од обичниот живот. Далеку сме ние од таа опасност од државата дадилка. Кај нас државата уште е доилка.

Човек лесно може да ги види небулозите во исходот на конкурсот на министерството за култура и лесно да се согласи со оние кои деновиве дигнаа глас дека распределбата е лоша, скандалозна, дека не може вака, дека но пасаран....

Ама па, да ѝ текнеше на таа сива (едно време привремено шарена) еминенција на македонската култура дека монашки тихуваше:

- Кога истиот министер талибанец сакаше да забрани филм за кој призна дека го нема гледано?
(звук на штурци)

- Кога стана јасно дека во оваа држава ќе може да има турски, албански, српски театар (што, нормално, е нормално), ама не и Македонски народен театар?
(звук на штурци)

И онда на истата таа адреса сте праќале коверти за да барате пари за вашите проекти и сте незадоволни од количината на парите или што ве одбиле. И само заради тоа цела оваа разочараност, па „имав полна доверба во вас“, па „не ми се верува“. Дечки бе?

Или стварно мислевте дека баш Заев е човек на културата, баш во него го видовте нашиот Перикле, баш во него најдовте „духовен реформатор“ (гачката која Орданоски неодамна ја пушти во оптек, па ако проџе- проџе)?

Дечки бе?

Ете, сега Заев ќе го поништи конкурсот па ќе живне оној мит (кој го плетеа и околу Тито, Бранко, Грујо) дека „тој е добар ама оние околу него се матни“. А некој ќе треба уште еднаш, овојпат повнимателно, да ги пополнува истите формулари и уште пострасно да  ги љуби и лепи ковертите кои ќе стигнат на истата адреса. Така ваљда „правиот“ џез ќе го покрие срамот дека во оваа држава министер нападнал филм кој не го гледал (и останал министер), така ваљда „правите“ претстави ќе го покријат срамот дека во оваа држава не може да има народен театар кој ќе се вика „Македонски“.

Онда, супер.

******

Види и:

Игра рокенрол цела државна субвенција

9 февруари 2019 - 14:07