Треба да се знае дека се работи за проекти кои доаѓаат од времето кога се мислеше дека парите никогаш нема да запрат и дека човек никако не треба да ги ограничува своите фантазии.
Со таков мајндсет развиен е проектот за брегот на Дубаи, кој предвидува изградба на:
- Една мала палма (Палма Џумерја) кој е единствена завршена и населена, меѓутоа има проблем со застоена и замирисана вода.
- Изградба на поголема палма (Палма Џебел Али) која е до стадиум покренати острови.
- Изградба на Светот, кој исто така е до стадиум завршени песочни острови.
- Изградба на најголемата од трите палми Деира, која почна да се гради ама не стигна многу далеку и е пренаменета за друго.
- Светот требаше да биде надополнет со Универзумот, во кој се градат вештачки острови со изглед на Сонцето, Месечината, планетите на Сончевиот систем, Млечниот пат и далечна галаксија. Овој проект е стигнат само до компјутерски модел.
- До Палмата Џебел Али требаше да се подигне и архипелагот „Дубаи крајбрежје“ во форма на полумесечина. Тука е стигнато до фрлање неколку лопати.