Типот буричка нешто под воланот, фаќа два голи (кога успеа да ги соголи?) краја на жички, ги спојува, тие малку искричат, моторот на колата се накашлува но бргу почнува да бревта, тој додава гас и заминува или среќно да ги крцка украдените милиони или да го утепаат на следната кривина или да биде запрен од зомби (не, ако е зомби колата никогаш не пали).
Истражување на британската осигурителна компанија "LV" покажало дека само еден од 50 автомобили се крадат на овој дифолтен филмски начин. А само до пред 5 години, петтина од кражбите на возила биле изведувани токму така.
Што е денес ин?
Кражба на клучевите од возилото. Податоците покажуваат дека дури две третини од вкупно 150.000 годишно во Британија се изведуваат со претходно украдените оригинални клучеви од автомобилот.
Во дури 40 проценти од овие случаи, клучевите се крадат од самиот дом на сопственикот.
Ваквата смена на парадигмата се одразува и на времето потребно една кола да биде украдена , од некогашните 60, на денешните просечни 10 секунди.