Таг: кражба

Мушичарско подземје: големата кражба на пердуви од Британскиот природонаучен музеј

Млад американски музичар, со хоби мушичарење. Британски музеј со скапоцена колекција птичји пердуви. И аматерски - но сепак успешен - обид таа да биде украдена и делумно продадена.

Изложба „Мерцедеси на трупчиња“

Локација: салон на Мерцедес во Гронинген. Автор или група на автори: непознати. Техника: дигалка плус крцкалка или батериски одвртувач. Време на изведба: кратко.

Приказната за војвотката без нозе (и еден полицаец без рака)

Кражбите на уметнички дела отсекогаш биле одлична основа за трилер-акција наративи, во кои фикцијата се меша со фактите. Една таква се случила во 19 век и вклучува портрет на војвотка, крадец кој бил инспирација на сер Артур Конан Дојл и еден полицаец кој останал мирен додека тигар му ја јадел раката. 

Лос Анџелес како една голема самопослуга

Обезбедувањето на продавници во Калифорнија, посебно Лос Анџелес и Сан Франциско, последниве години како да е вооружено само со „немој бе друже“ и „те молам немој бе друже“.

Пензионерка украла уметничко дело - палто и си го поправила кај шнајдерка

Шеташ низ музеј и гледаш работничко палто како виси на шајка. Си велиш - веројатно го заборавил молерот или водоводџијата. Си го ставаш во торба и спокојно си заминуваш. Нештата кои се во џебовите ноншалантно ги фрлаш, несвесен дека уништуваш уметничко дело. 

Скандалот околу новопронајдените дела на Селин

Денес се смета за еден од најзначајните француски писатели на 20 век. Но неговиот потврден антисемитизам при крајот на Втората светска војна го принудил да избега од земјата, оставајќи зад себе куп ракописи. Сега тие се предмет на судски спор и на медиумски скандали.

Најголемата кражба на уметнички дела и ексцентричната наследничка која ги поседувала

Пред 31 година се случила најголемата кражба на уметнички дела, вредни тогашни 500 милиони долари. Нова документарна серија ги истражува можните теории, но раскажува и приказна за основачката на ограбениот музеј.

Големата кражба на полио вакцини од 1959

Еден настан од пред повеќе од 60 години покажува колкав е ризикот од лошо организиран процес на вакцинација, кој овозможува секакви манипулации. Во случајов кражба на вакцини, која чинела голем број загубени животи. 

Ограбен музеј на нинџи во Токио

Полицијата била повикана откако крадците си заминале - целата акција им траела три минути, брзина на која и нинџа може да позавиди.

Излезе дека е полесно да украдеш чоколадо од Милка фабрика, отколку од дете

Австриската полиција потврди дека човек успеал да украде чоколади од Милка во вредност од 50.000 долари со тоа што на вработените им рекол дека треба да му ги дадат чоколадите.

Затвор за украдени 7000 книги

Дарен Бар претходно не бил познат по ништо особено. Сега го судат како да е нарко бос - само што овој крадел книги.

Не е само да украдеш нешто, треба и да го продадеш

РМ 50-03 Мекларен Ф1 часовникот е еден од само 75-те примероци од овој модел изработени од Ричард Мајл, чини 1,3 милиони долари и пред некое време беше украден. За крадецот тоа е пола завршена работа, сега ќе треба да најде начин како да го продаде.

Германски лопови би да си ги заработат парите што ги краделе

Во најгерманската можна кражба, група крадци решиле дека најдобар начин до лесни пари и брзо богатење е да оберат цела нива со јагоди.

Кога Пикасо и Аполинер биле обвинети за кражба на Мона Лиза

Ако денес го посетите Лувр, ќе забележите две работи: огромно обезбедување и постојана гужва околу портретот на жената со мистериозна насмевка. Пред само еден век го немало ниту едното ниту другото. А едно утро во 1911 ја снемало и сликата.

Генерацијата што не знае за уцвикување вс. генерацијата цвикатори

Ако нешто може да се научи од видеово тоа е дека под итно треба да се основа невладина организација, кризна група, советувалиште и засолниште за ранливата група на тинејџери криминалци претепани од 83-годишни пензионери. А ако не казна, пензионерот треба да мине барем темелна наобразба за маките на денешната младина соочена со вечната неправдина на пакосното зло познато како „животот не е како што ти си го замислуваш на 18 години“, по што како што е ред ќе следуваат семинари за градење доверба и разбирање меѓу двете страни.

Колку време треба за да украдеш 27.000 долари во производи од продавница на Епл

Кражбата се случува во работно време, во продавница полна луѓе, без никакво оружје. Однесени се лаптопи и смартфони во вредност од 27.000 долари, кои ако во рок од 5 минути по кражбата не се комплетно блокирани, тогаш се оставени да работат само за полицијата да може да стигне до новите газди.

Потерница по жена која украла камен од инсталација на Јоко Оно

Една од оние „лајтерици“ вести, ама кои имаат и мета димензија. Затоа што на украдениот камен, вреден 17.500 долари, пишувало - „Сакај се себеси“.

Асистентот што украде 1,2 милиони долари вино од директорот

Директорот е од Голдман Сакс и е колекционер на вино на кој од колекцијата му недостасуваат стотици шишиња “квалитетно, скапо и ретко вино“.

Добро радио автомобилски врати отвора

Во милиони коли од марки како Фолскваген, Ауди, Сеат или Шкода што се продадени последниве 20 години може лесно да се влезе со помош на стар радиокасетофон. Фолскваген признава дека имаат проблем. 

Мистеријата со украдениот пехар за Светско првенство

На 19 декември 1983. година бил украден златниот трофеј наменет за освојувачот на Светското првенство, тогашен Куп на Жил Риме, првиот претседател на ФИФА.

Наш лопов на денот

Засега непознат провалник влегол во позната пекара во Сан Франциско. Внатре имало кеш, ајпади, компјутери. Тој ги украл - рецептите.

Најголемите кражби на храна во 2013.

Во 2013-та се крадело храна на големо. Од плескавици до бурбон, од ореви до пилешки крилца и конзерви со грав и колбаси. Ова се најголемите грабежи за годинава.

Сам себе го крадел?

Раду Догару е еден од 6-мината кои од холандски музеј украдоа уметнички слики во вредност од 24 милиони долари. Во своја одбрана тој имаше да каже дека музејот е виновен за кражбата.