Кражбата се случува во југо-западна Германија, а оштетениот земјоделец пријавил дека му била украдена речиси целата жетва на јагоди.
Инцидентот се случува петок навечер, а со оглед на обемот на нивата (0,7 хектари / 7.000 метри квадратни) мудрата претпоставка на полицијата е дека крадецот не бил сам, туку дека биле неколку луѓе.
Продолжувајќи со вака успешната серија аналитички заклучоци од полицијата изјавуваат и дека за грабежот се искористени повеќе возила.
Од целата оваа операција германските Пинк пантери се очекува дека заработиле неколку стотини евра.
Како што пишува Дојче веле, ова не е прв пат да бидат ограбени германските ниви со јагоди. Лани имало уште еден ваков случај.