Годинава поради тоа што најстариот турнир на светот се одложи поради глобалната пандемија, повеќе од 2 милиони јагоди биле проблем за складирање, па организаторите дел ги донирале, а од дел правеле џем кој ќе се продава кога Вимблдон ќе се игра со публика.
За супермаркетите (и препродавачите на пазарите) важно е јагодите по боја и големина да изгледаат како на слика, да имаат колку може подолг рок на траење и да се отпорни на болести. Вкусот на јагода е факултативен.
Има фуд трендови кои не се поднесуваат но ова, колку и да звучи блесаво, не е лошо. Дали она што му е босилекот на патлиџанот или циметот на сутлијашот, наскоро ќе им стане црниот бибер на јагодите?
Од сите пазари на црно што можат да постојат во некоја земја: дрога, човечки органи, оружје, цигари, алкохол, ураниум, Шведска веројатно ја има најхардкор верзијата - пазар на црно за јагоди.