Време на подготовка:
25 мин.
Време на готвење:
1ч. 10 мин.
Вкупно време:
1ч. 35 мин.
Порции
12 лица
Состојки
- 200гр. путер + 1 лажичка
- 155гр. шеќер во прав
- 2 лажички ванила екстракт
- 2 јајца
- 300гр. брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 185мл. млеко
- 1 јаболко, излупено и исечено на подебели кришки
- 200гр. јагоди, измиени и преполовени
Прелив
- 75гр. брашно
- 50гр. изладен путер
- 55гр. кафеав шеќер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте со една лажичка стопен путер округло тавче (20см). Овложете го со хартија за печење.
Со миксер изматете го путерот, шеќер и ванила екстракт. Додадете ги едно по едно јајцата и продолжете со матење. Потоа со лажица додавајте во смесата од брашното измешано со прашок за пециво и млекото. Добро измешајте ги додека да се соединат. Префрлете ја смесата во тавчето. Најгоре наредете ги парчињата јаболко и јагоди.
За да го подготвите преливот измешајте ги во еден сад брашното и путерот. Замесете ги со раце додека да добиете смеса во форма на ронки. Додадете го шеќерот и продолжете уште малку со месење.
Наронете ги ронките врз парчињата јаболко и јагоди наредени на колачот.
Печете го колачот 1 час и 10 минути. Оставете го во тавчето 10 минути пред да го извадите во чинија за послужување. Овој колач можете да го послужите веднаш додека е топол или подоцна на собна температура.