Најјако кај овие нови проповедници и следбеници на здравата исхрана е што ќе те убедуваат дека нивната филозофија ПРВЕНСТВЕНО се состои во тоа да се јадат локални производи и да се конзумира тоа што го дала природата околу тебе.
А после ќе ти кажат рецепт со шитаке печурки.
Или чиа, сеедно. Небаре дедо Иљо Малешевски, Петре Прличко или кој и да ви текне од долговечните Македонци, везден на шитаке и на чиа беа.
А чиа семето е толку општоприфатено што можете да го најдете во благца, салати, смутија, мутија.... уште во роловано прасе го нема.
Ок, имаат тоа зрнцата здрави работи во себе: калциум, магнезиум, фосфор, цинк, Б3, Б1, Б6.
Меѓутоа, имаат во себе и фитохемиски елементи, тн анти-нутриенти кои ја намалуваат нивната вредност затоа што кога тие ќе се врзат со наведените минерали, организмот не може да ги апсорбира па само проаѓаат низ дигестивниот тракт без да остават вредни спомени за вашето здравје. Па на крај ги исфрлате клот, како што сте ги примиле (немојте да тврдите дека не сте ги ѕирнале зад себе).
Да, богати се со омега 3 киселини. Но секогаш кога ќе слушнете дека нешто растително е пребогато со здрави масти, треба да бидете крајно сомничави. Најважните форми на омега три се ЕПА и ДХА, а тие можат да се најдат само производи од животинско потекло, особено во евтина (сина) риба.
Да, содржат хранливи влакна, но влакната се преценети. За што ви се тие, за столицата да ви добие на волумен?? Ако имате здрава цревна флора, немате никаква дополнителна потреба од нив, бидејќи веќе ги имате доволно во локалното овошје и зеленчук (за шитакето не сме сигурни). Постојат здравствени состојби кои можат да предизвикаат опстипација но ниедна од нив не се решава со храна богата со влакна. Тоа може да биде само краткорочно "олеснување".
Да, богати се со протеини но поголемиот дел од нив се тн некомплетни протеини, оние без сите потребни аминокиселини кои му требаат на телото (агеин: протеините од животинско потекло, од прв до последен се комплетни).
Во текстот „4 опасни митови за чиа семето “ како последна ставка се наведува хормонскиот баланс кој го помагаат зрнцата. Затоа што содржат - естроген. Естроген, ок? Не ни треба дополнително објаснување за горенаведеното цвркутање на нашите довчерашни соборци.
Напомена: На оваа тема нема да објавуваме реакции и деманти. Јадете вие што сакате, наше е да си се бориме за другарчињата.
п.с. таговите се подолу.