Таг: кашкавал

А сте чуле ли за дисциплината „Фрлање кашкавал“?

Во Лос Анџелес 2028 како нови спортови се најавуват крикет, сквош, бејзбол, софтбол, лакрос и флег фудбал. Еве им уште една идеја. Се игра во Новара, Сицилија и се работи за многу стара традиција. Сè што треба да имате е Мајоркино, тоа е пита овчи кашкавал тешка од 10 до 12 кила. Победува тој што ќе ја фрли најдалеку. Инаку натпреварот е веќе заштитен од УНЕСКО, а тоа што ни ја смири душата е што сепак кашкавалот на крај не го фрлаат, туку го јадат.

И ова е наука: како влијае музика врз вкус на кашкавал?

Една од пооткачените теми на дипломска за кои сме слушнале кај нас се однесува на брзината на слегнување пена кај разни видови пиво. Слично на ова, и студијата за начинот на кој влијаат различни жанрови врз вкус на млечни производи може да се кандидира за овогодишниот Иг Нобел.

Секоја страница од оваа книга е парче кашкавал

Се вика „20 парчиња“, дело е на уметник од Њујорк, и е точно она што го најавува нејзиниот наслов - тенко исечени парчиња кашкавал, онакви ко за на пица или за во сендвич. Навреда за книгите или добра финта?

ЧИА си, на кого џабе радости му носиш?

Чиа семето во последно време е една од најголемите ѕвезди на здравата и фенси исхрана. До толку е станато популарно што пред некој ден шокирани слушнавме двајца најнаши луѓе, довчерашни хедонистички соборци, како си зборат дека едниов користел чиа, а другиов ленено семе. Џизс! Па така малку да им го сјебеме ентузијазмот.

Мрсни сирења и кашкавали: може

Една ретка заедничка особина на диетите што ги познаваме (значи, сме читале за нив и сме си се излажале дека некогаш ќе ги пробаме) е дека кај сите се исклучени сирењата, кашкавалите, кајмаците и слични млечни оргазми. Е, па, драгичка. 

Струјата е опасна, наизменична и кравја

Францускиот кашкавал Бофорт досега беше повеќе познат по извонредниот вкус и деликатната структура отколку по неговата способност да произведува електрична енергија. Но, работите се менуваат.

Зошто сме навлечени на сирење?

Непишаното правило на македонскиот режим на исхрана вели: "Сирење оди со сè, освен со НЕКОИ видови торти". Зависноста сега има научно објаснување.

Русија во битка до последното парче кашкавал

Во Москва е уапсена банда од 6 луѓе заради поседување и производство на 30 милиони долари вредна залиха на фалсификуван увозен кашкавал чедар.

Кралот на сирењата

Италијанците никогаш не се срамеле кога е во прашање изразувањето на кулинарската супериорност, па не е ни изненадување што Пармиџано-Реџано рамнодушно го нарекуваат "неоспорениот крал на сирењата."

Патот на лактозата

Оригиналниот мит за настанувањето на сирењето е дека во еден топол ден пред 9000 години номад трга на патувањe и со себе носи млеко. Кога стига на својата дестинација млекото му е засирено и со тоа се добива првото сирење. Се ова би било во ред кога луѓето во тој период не би биле нетолерантни на лактоза, па не ни помислувале да консумираат млеко.

Брза пита

Лесна пита со јајца и сланина.

Лесно летно макало

Вкусно мезе за летни денови.

Топла салата

Печени чери домати со растопен кашкавал.

Зеленчукови прсти

Вкусно мезе од моркови, тиквица и пашканат.

Брза пита со пилешко

Пита од лиснато тесто со пилешко и компири.

Пица рижото

Вкусна комбинација од ориз, домати и печурки.

Потпечени тестенини

Фусили во доматен сос со сирење и сланина.

Зачинето печено пилешко

Сицилијански рецепт за зачинето пилешко.

Лазањи со пилешко

Вкусна варијанта на познатиот специјалитет.

Пица со артичоки

Вкусна вегетаријанска пица.