Пица

Пица со артичоки

Вкусна вегетаријанска пица.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 црвени пиперки
  • 2 поголеми готови теста за пица
  • 80мл. пица кечап
  • 4 маринирани артичоки
  • 80гр. маслинки, извадени семки
  • кашкавал по вкус
  • свежа селена салата

Подготовка

Загрејте ја скарата и испечете ги пиперките 6-8 минути. Потоа излупете ја лушпата и исецкајте ги на ленти.

Загрејте ја рерната на 22 степени. Ставете го тестото за пица на плех, намачкајте го со пица кечап и наредете пиперки, артичоки и маслинки. Зачинете со сол и бибер. Печете ги 15 минути. Потоа додадете кашкавал по вкус и вратете ги во рерна да се допечат уште 3-4 минути. 

Сервирајте ја пицата веднаш со свежа салата.

На здравје!

30 март 2013 - 09:53