Пити

Брза пита

Лесна пита со јајца и сланина.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
60 мин.

Вкупно време:
1ч. 15 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 главици кромид, ситно сецкан
  • 350гр. сланина, ситно сецкана
  • 2 парчиња готово замрзнато тесто за пица
  • 130гр. рендан кашкавал
  • 8 јајца
  • 50мл. хопла

Подготовка

Извадете го тестото за пица од фрижидер и оставете го малку да се одмрзне.
Загрејте масло во поголема тава на силен оган. Пржете го кромидот 5 минути со мешање додека да омекне. Додадете ја сланината и пржете ја уште 5 минути. Тргнете ја тавата од рингла и оставете да се излади.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Поставете плех за печење во рерната. Премачкајте со малку масло округло тавче (20см.) . Поставете го едното тесто на дното на тавчето. Од другото тесто исечете 3 ленти. Наредете ги лентите тесто по страните на тавчето и притиснете ги за дното за да се залепи со долното тесто. Потребно е лентите да се доволно високи за да дојдат над висината на тавчето.
Со лажица префрлете на половината од смесата со сланина во тавчето со тестото. Одозгора наронете 100гр. рендан кашкавал. Изматете 4 јајца со хопла. Додадете ја оваа смеса врз кашкавалот. Потоа додадете го остатокот од смесата со сланина. Во смесата со лажица направете 4 дупки. Во секоја дупка внимателно скршете по едно цело јајце и внимавајте да не ви истече жолчката. Најгоре додадете го остатокот од кашкавалот. Зачинете со бибер.
Превиткајте навнатре по 1см. од тестото. Ставете го тавчето врз загреаниот плех во рерна. Печете ја питата 45-50 минути. Потоа оставете ја 10 минути да одстои во тавата пред да ја послужите.
На здравје!

19 август 2013 - 09:51