
Исхрана богата со полномасни сирења е добра за нашето здравје, порачува данска студија според која сирењата ја подобруваат нашата здравствена ситуација зголемувајќи го добриот (HDL) холестерол. На тој начин обезбедуваат заштита од кардиоваскуларни болести и проблеми со метаболизмот.
139 испитаника биле поделени во три групи: првите јаделе полномасни млечни производи, вторите онакви лајт, со мала масленост и третите никакви млечни производи. По три месеци, кај ниедна дгрупа лошиот (LDL) холестерол не бил покачен а добриот бил зголемен само кај првите.
Ова сепак не е првата студија која полномасните сирења и кашкавали ги поврзува со доброто здравје. Јапонско истражување покажало дека тие го псречуваат таложењето на мастите во црниот дроб и ги подобруваат неговите параметри според кои се мерат кардиоваскуларни.
Една ланска студија пак покажа дека сирењата можат да бидат битен фактор во забрзување на метаболизмот и намалувањето на килограмите.