А сте чуле ли за дисциплината „Фрлање кашкавал“?

Во Лос Анџелес 2028 како нови спортови се најавуват крикет, сквош, бејзбол, софтбол, лакрос и флег фудбал. Еве им уште една идеја. Се игра во Новара, Сицилија и се работи за многу стара традиција. Сè што треба да имате е Мајоркино, тоа е пита овчи кашкавал тешка од 10 до 12 кила. Победува тој што ќе ја фрли најдалеку. Инаку натпреварот е веќе заштитен од УНЕСКО, а тоа што ни ја смири душата е што сепак кашкавалот на крај не го фрлаат, туку го јадат.

14 август 2024 - 14:16