Боксот го тргаат од Олимписки Игри, во 2028-ма ќе има нови спортови

После цели 120 години, легендарниот спорт, еден од најгледаните, се брише од списокот на Олимписки Игри 2028 во Лос Анџелес. Оваа одлука на МОК и други лица да се стават спортови кои не може да се наречат спортови.

Меѓународниот олимписки комитет реши да ги исклучи боксот и брејкденсот кој во Париз доживеа право фијаско откако една Австралијка Рачел Гун стана предмет на потсмев со крајно глупава изведба која на се личеше освен на брејкденс.

Боксот на Олимписки Игри бил уште од античка Грција, но традицијата најверојатно ќе се прекине во Лос Анџелес за четири години.

Нови спортови на Олимписките Игри 2028 во Лос Анџелес најверојатно би требало да бидат: крикет, сквош, бејзбол, софтбол, лакрос и флег фудбал кој е верзија на американски фудбал и се игра во САД, Канада и Австралија претежно.

Ситуацијата не е нималку едноставна, затоа што Меѓународниот олимписки комитет (IOC) презеде надзор над боксерите од Меѓунардониот боксерски сојуз (IBA) минатата година поради корупција.

Од МОК им препорачаа на боксерските федерации да си оформат нова кровна организација каква што беше IBA ако сакаат да добијат карта за настап на следните Олимписки Игри.

Се оформи организација наречешна World Boxing која во моментов брои 37 федерации што е премалку.

Боксот доживеа мало фијаско на Олимписките Игри во Париз, затоа што претходно Светската боксерска федерација не допушти на Светско првенство да настапи Алжирката Имане Келиф и други боксерки поради зголемено ниво на тестостерони, а МОК им дозволи и од тоа настана голем случај.

Имане на крајот го освои и златниот медал во женски бокс па беше пречекана во својата земја со големи почести.

14 август 2024 - 10:59