Научни студии долго време се сомневаа, податоци се собираа, анализи се правеа а сега сомнежот е и потврден: сирењето создава извесна зависност.
Виновна е една протеинска компонента наречена касеин. Структуриран како низа аминокиселини тој се концентрира за време на ферментирањето на сирењето. Во конечна инстанца, таквиот касеин станува претежок за разбивање па делови од него остануваат негибнати во дигестивниот тракт. Како такви добиваат облик на касоморфини, кои, како што сугерира и името, имаат слични својства на другите морфини.
Од друга страна, сирењето и другите слични млечни деривати се исклучително хранливи а по таква храна човекот трага и пофти веќе 200.000 години.
Науката порачува дека калциумот од млекото ни треба но истовремено дозволува само срамно мали дози. Според препораките на Американскиот национален институт за здравје, дневно на човек од 19 до 50 години му е доволен само еден грам калциум.