Пита

Брза пита со пилешко

Пита од лиснато тесто со пилешко и компири.

Време на подготовка:
25 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 главици праз, исецкан
  • 400гр. компири, излупени и исецкани на мали коцки
  • 50гр. брашно
  • 300мл. пилешка супа од коцка
  • 4 парчиња пилешки гради, потпечени на скара
  • 200гр, рендан кашкавал
  • сол и бибер
  • 1 лист замрзнато лиснато тесто

Подготовка

Испечете ги пилешките гради на скара и потоа исецкајте го месото на ситни парчиња.
Загрејте ја рерната на 220 степени. Загрејте масло во поголема тава на среден оган. Додадете го празот и компирите. Пржете ги 3 минути со мешање. Додадете брашно и гответе го уште 1 минута. Потоа постепено додавајте ја пилешката супа и продолжете да мешате. Гответе ја смесата уште 5 минути додека да зоврие. Додадете го пилешкото месо и кашкавалот. Зачиенте ја смесата со сол и бибер по вкус.
Префрлете ја смесата во керамичка огноотпорна тава. Прекријте ја со листот готово замрзнато лиснато тесто. Притиснете го тестото врз рабовите на тавата за да се залепи. Со нож боцнете го тестото на средина.
Печете ја питата 20 минути. Послужете ја топла.
На здравје!

11 мај 2013 - 10:30