
Апсењето е по 2 основи. Прво, шверц на една состојка која е на црната листа на контра-санкции од Русија, а е неопходна за производство на кашкавал, и второ, заради фалсификување и продажба на кашкавал.
Ова е најсофистицираната група на шверцери и препродавачи на кашкавал од почетокот на контра-санкциите. За разлика од типичните шверцери, групата произведувала кашкавал и истиот го ставала во пакувања и со етикети од разни луксузни европски брендови.
На годишнината од воведувањето на контра-санкциите руските национални телевизии пуштија снимка од булдожер што го уништува нелегално увезениот кашкавал. По наредба на претседателот запленетата увозна шунка и овошја беа запалени, и покрај критиките дека истите можеа да бидат донирани во народни кујни и за социјални случаи.
Како позитивен исход од контра-санкциите е тоа што локалното производство на кашкавал и сирења е зголемено за 30%.