Пилешко

Зачинето печено пилешко

Сицилијански рецепт за зачинето пилешко.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 лажица морска сол
  • 2 лажички буковец, благ
  • 3 лажички оригано
  • 1 чешне лук, сецкан
  • 3 лажици свеж магдонос
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка рендана кора од лимон
  • 1кг. пилешки кради
  • парчиња лимон за сервирање

Потпечено лепче

  • 700гр. леб, на парчиња
  • 175гр. путер, омекнат
  • 100гр. рендан кашкавал
  • 100гр. пармезан
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица сецкан магдонос

Подготовка

Со толчник добро измешајте ги морската сол со буковецот, оригано и лук. Додадете магдонос и масло и продолжете со мешање додека добиете изедначена смеса. Додадете ја кората од лимон.
Во сад ставете го пилешкото и додадете ја подготвената смеса од зачини. Измешајте го пилешкото за добро да се намачка. Оставете го во фрижидер 1 час.
Во меѓувреме подгответе го лебот. Направете засеци во лебот без да го исечете до крај. Измешајте путер, кашкавал, пармезан, лук и магдонос во еден сад. Намачкајте го леб со смесата во секој од засеците. Замотајте го во фолија.
Загрејте ја рерната на 220 степени. Печете го пилешкото во плех околу 20 минути додека да добие кафеава боја.Покрај пилешкото печете го лебот замотан во фолија 20 минути за да се растопи кашкавалот. На крај отворете ја фолијата и печете го уште 5 минути.
Послужете го пилешкото со зачинетиот леб и салата по избор.

26 април 2013 - 16:40