Струјата е опасна, наизменична и кравја

Францускиот кашкавал Бофорт досега беше повеќе познат по извонредниот вкус и деликатната структура отколку по неговата способност да произведува електрична енергија. Но, работите се менуваат.

Во местото Албервил во регионот Савоја на француските Апли никнала 5 милиони вредна електрана која прозиведува доволно електричната енергија за 1.500 жители на местото а како основа сировина го користи кравјиот кашкавал бофорт. 

Поточно она што останува кога тој се прави. А останува сурутка на која ѝ се додаваат бактерии на кои сурутката им е храна и така создаваат био-гас, односно мешавина од метан и јаглерод диоксид. Гасот оди во машина која затоплува вода до 90 целзиусови степени а се произведува и струја, околу 3 милион киловат часови годишно.

Електраната првенствено служи за оптимизирање на процесот на изработка на бофортот, еден од знаменосците на француската исхрана и гордост на Савоја. 

И тоа не е сè. При изработка на бофортот, освен сурутка останува и кремаст дел полн со млечни масти кои се користи за путер, рикота и протеини во прав. На крајот, 99 проценти од елементите потребни за правењето на овој кашкавал се употребуваат во ваквиот заокружен процент.

А оној процент кој засега не е искористен е чиста минерална вода која не ја загадува околината.

По "вин" од ова - амин.

 

 

21 декември 2015 - 13:10