Таг: електрична енергија

Сол на нуклеарна рана

Се чини дека Хомери се накотија по светов (оние од цртаните, не од антиката) а нуклеарните централи си останаа исти какви што отсекогаш биле. Не ќе да е така. На тоа поле се случуваат чудесии од идеи и иновации (добро сега, не како реинкарнација...). Едни од најверојатните носители на новата генерација се реактори кои се ладат со сол.

Мали мали хидроцентрали

Брендот се вика Турбулент и стварно се мали, една турбина едвај покрива потреби на 60 домаќинства, ама затоа замислени се како многу лесни за поставување, немаат потреба од брана, не ѝ прават штета на природата или нарушување на текот и може да бидат поставени на која било река, канал, водопад и слично.

Борбата со ветерници завршува во сметката за струја

Во Велика Британија ветерници главно поседуваат големи енергетски компании. Лани најмногу се офајдиле кога - не работеле.

На Германците им беше плаќано за струјата што ја трошеа за празниците

За време на божиќните и новогодишни празници, Германија имаше толку многу енергија добиена од обновливи извори што граѓаните практично добиваа пари за струјата што ја трошат. Цената на струјата да отиде во минус и не е така редок случај во (нормални) земји. 

Биткоинот троши повеќе струја од Македонија

Копањето биткоини троши повеќе електрична енергија од 159 држави во светов. На пример Ирска, на пример Македонија. Ако продолжат сегашните трендови, оваа операција ќе ја исцица цела струја до 2020 година. 

Маск освои опклада од 50 милиони долари

Пред некое време се кладеше на Твитер дека ќе им го реши проблемот со струјата на луѓето од Јужна Австралија за 100 дена. И дека ако не успее, ќе даде гратис услуги од 50 милиони. Успеа.

Струјата е опасна, наизменична и кравја

Францускиот кашкавал Бофорт досега беше повеќе познат по извонредниот вкус и деликатната структура отколку по неговата способност да произведува електрична енергија. Но, работите се менуваат.

Тесла воскреснува на патиштата во Англија

Еден век откако ветувачките експерименти на Никола Тесла за безжичен пренос на струја беа прекинати од нервен слом на научникот, во Англија ќе се поставува опрема за безжично напојување на електричните и хибридни автообили.  

Планот на Елон Маск за поразување на дистрибутерите на струја

Меѓу објавувањето на разочарувачкиот извештај за заработувачката на Тесла Моторс, и изјавата на Маск дека компанијата во иднина ќе вреди околу 700 милијарди долари, се провлече веста дека тој веќе работи на батерии што ќе може да напојуваат цело домаќинство.

It's all about Benjamins

Не вреди даље да се објашњавам.

Толко ми е више од све згадено.

Како Шпиље, само поголемко

Пред некој ден проработеа сите генератори на кинеската хидроцентрала за чија изградба мораше да бидат преселени 1,4 милиони луѓе. Ѕверот создава електрична енергија колку 15 нуклеарни централи.

Како Шпиље, само поголемко

Пред некој ден проработеа сите генератори на кинеската хидроцентрала за чија изградба мораше да бидат преселени 1,4 милиони луѓе. Ѕверот создава електрична енергија колку 15 нуклеарни централи.