Човекот зад Тесла, Спејс Икс и неколку други револуционерни технологии, на Твитер се кладеше со првиот човек на софтверската конмпанија Атласианс, Мајк Кенон - Брукс дека ќе го реши проблемот со честите исклучувања од струја во Јужна Австралија со неговата гигантска литиум-јонска Powerpack батерија.
И успеа тоа да го направи една недела пред истекување на рокот. Не само што ќе добие пари за 100 мегаватниот складишен простор туку и цел тој регион веќе ќе нема проблеми кога системот ќе падне заради потрошувачките шпицови.
Луѓето на Маск го инсталираа нивниот Powerpack како поддршка на една голема фарма на ветерници блису Џејмстаун. Премиерот на Јужна Австралија најави дека тестирањата само што не почнале, пред поставениот рок од 1 декември.
Најголемата батерија на светот е способна да им обезбеди електрична енергија на 8.000 домови во траење од 24 часа или пак на 30.000 домови за еден час, кога матичниот електричен систем ќе падне заради шпиц во потрошувачката.