Фармите со ветерници во Велика Британија лани добиле вкупно 108 милиони фунти за да не работат и да не произведуваат струја. Тие пари - два милиона фунти неделно - завршиле главно кај големите енергетски компании кои имаат огромни полиња со ветерници.
Фрапантно е што во просек, ветерниците добиваат 40% кеш повеќе кога не работат отколку кога се во функција.
108-те милиони фунти за компензација за неработење се рекордни досега. Во 2012-та година за тоа биле исплатени само 6 милиони фунти а вкупно за тие 5 години државата платила 367 милиони фунти за ветерниците да не вртат. Најмногу од неработење заработуваат ветерниците во Шкотска
Компензациите се плаќаат затоа што електричната мрежа не може да се справи со вишокот струја која ветерниците во некои моменти ја пуштаат во мрежата па им се исплаќаат таканаречени „исплати за рестрикција“.
Ваквите компензации ги плаќа националниот оператор на мрежата иако, во крајна линија, сметката за наградување на неработењето завршува кај потрошувачите.