Пазете го ова пржење:
На концертите на Оезис на Вембли, секоја вечер се пиеле по 250.000 пива!
Пивото на гигантските шанкови се продавало по цена од 8,2 долара што значи дека од секој концерт се собрани по два милиона фунти од оваа ставка, соопшти компанијата која го работи стадионот.
За споредба, за време на ланските концерти на Колдплеј на Вембли се пиеле по 120.000 пива на вечер а фановите на Тејлор Свифт се наквасиле со само 40.000 пива.
На концертите на Галагерови, на стадионот биле носени преку 4.500 буриња пиво.
Во комплетниот пивски есап треба да се земат предвид и огромните количини кои се пијат во пабовите околу стадионот.