Најголемата хидроцентрала на светот се храни од незгодно темпераментната река Јанг Це која често знае да направи хаос во животите на луѓето од провинцијата Хубеи. Покрај произведување струја, скротувањето на Јанг Це една од најважните улоги на монструозно големата хидроцентрала Трите Кањони (Трите грла).
Во погон се пуштени вкупно 32 генетарори кои проозведуваат 22.500 мегавати струја, идентично на производството на 15 просечни нуклеарни централи.
Јанг Це влегува во акумулацијата и со 70.000 кубни метри вода во секунда. А акумулациското "езерце" е долго 600 километри.
Идејата за оваа хидроцентрала потекнува од 90-тите години, првпат со делумна работа започна во 2004-та, со почетни инвестициски трошоци од 22, 5 милијарди долари.
За да биде изградена беше потребно да се отселат 1,4 милиони луѓе што своевремено наиде на остри критики од Запад.