Во поглед на бројот на проектите, стартапите, бројот на луѓето кои работат на нив и сумата која се инвестира во сето тоа, она што денес се случува на поле на електрична енергија добиена од нуклеарен погон е споредливо само со ентузиајмот на првиот бран од 60-тите години.
Веќе работат реактори кои трошат нуклеарен отпад. Има реактори дизајнирани да ги уништуваат изотопите кои може да бидат злоупотребени за оружје. Постојат мини реактори кои евтино се изработуваат по фабрики.
Двигател на целиот тој бран новини е сознанието дека мора да се ослободиме од зависноста од фосилни горива, но и дека обновливите енергии во моментов се недоволно уверливи дека можат да ја пополнат енергетската дупка, па робусната нулеарна енергија се чини како единствена чиста технологија која може да заврши работа, доколку се адресираат нејзините клучни проблеми: безбедноста и огромните инвестиции кои се за неа потребни.
Од друга страна, заради конструкциски и други проблеми, со стандардните нуклеарни постројки во последно време се случија неколку тешки утки, за среќа само финансиски. Во САД беа ветени два нови, огромни реактори кои ќе произведуваа фасцинантни 2.200 мегавати, доволно енергија за 1,8 милиони домови. Градењето започна во 2012 и требаше да заврши во 2018 година. Лани, после потрошени 9 милијарди долари, компанијата се откажа од проектот. Слично се случува и во Финска каде проектот за нова нуклеарна централа доцни цели 8 години и досега префрли 6,5 милијарди долари над предвидениот буџет.
Ова со солта е интересно. Реактори кои наместо со вода се ладат со стопена сол. Со водата, нешто ќе се зезне и таа ќе престане да циркулира и брзо ќе испари па ете ти прегревање, топење, Фукушима.
Стопената сол "држи" многу подолго. Ако без разлика колку е жешка ринглата, водата во тенџерето останува на 100 степени (додека испари), слично е и со солта, само што - до 1371 целзиус.
„За разлика од водата, солта не преврива па дури и операторите да ги исклучат безбедносните системи и да заминат од местото, солта ќе продолжи да го лади системот. Кoга се загрева, таа експандира оддaлeчувајќи ги атомите на ураниум еден од друг со што ја забавува реакцијата бидејќи е помалку веројатно е да бидат погодени од летечки неутрон кој ќе ги расцепи, започнувајќи ја следната верижна рекција“, објаснува еден експерт.
Солениот реактор би можел да биде во функција пред 2030 година. Интересно е што истава оваа технолошка идеја постои уште од 1954 година, само што, откако паднала одлука да се оди со реактори со водено ладење, овој и сите други проекти биле дефундирани и ставени во фиока.
Може така е и со лек за ракот.