Италијанска кујна

Потпечени тестенини

Фусили во доматен сос со сирење и сланина.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 400гр. фусили
  • 1 лажица масиново масло
  • 1 главица кромид, исецкан
  • 200гр. сланина, исецкана
  • 2 лажици брашно
  • 400гр. доматен сос
  • 1 чаша млеко
  • 300гр. рендан кашкавал за пица
  • 100гр. печени пиперрки, излупени и исецкани
  • 2-3 лажици сецкан свеж магдонос
  • сол, бибер, мешан зачин

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте со малку масло огноотпорно тавче.
Сварете ги фусилите во тенџере со вода и лажичка сол, според упатството на ќесата. Процедете ги и префрлете ги длабок сад.
Во меѓувреме загрејте масло во тава на среден оган. Испржете го кромидот со сланина 10 минути. Додадете брашно и продолжете со пржење уште една минута со постојано мешање. Додадете го млекото и доматниот сос. Зачинете со сол, бибер и мешан зачин по вкус. Гответе го сосот со мешање уште 5 минути, додека да згусне. Одстранете ја тавата од оган и измешајте го кашкавалот.
Додадете ги печените пиперки и магдонос и измешајте ги со сварените тестенини.
Префрлете ги тестенините во подготвеното тавче. Печете ги 20-25 минути.
Сервирајте ги декорирани со дополнителен сецкан магдонос.

29 април 2013 - 07:00