Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 60мл. хопла
- 65гр. павлака
- 1/2 мала главица кромид, ситно сецкан
- 120гр. рендан кашкавал за пица
- 25гр. рендан пармезан
- 120гр. ситно сецкани артичоки
- 250гр. ситно сецкан спанаќ (може и замрзнат)
- 1/4 лажичка лут сос (чили)
- пченкарен чипс
Подготовка
Измешајте во тава хопла, павлака и кромид и загрејте ги на рингла на тивок оган. Кога ќе почне да врие одстранете го тенџерето од оган и измешајте го кашкавалот и пармезан.
Вратете ја тавата на рингла и гответе го сосот на слаб оган со постојано мешање. По околу 1 минута или кога ќе се растопи кашкавалот, додадете ги артичоките и спанаќот и гответе уште 2-3 минути, додека да се загреат.
Зачинете го макалото со лут сос, сол и бибер.
Послужете го со пченкарен чипс.
На здравје!