Водечки доктори бараат итно суспендирање на сите мРНК ковид вакцини

Се бара сеопфатна ре-евалуација на генетски базираните вакцини кои во пандемиската паника добија итни дозволи за употреба. Се бара темелно и независно да се проценат и краткорочните и долгорочните ефекти врз здравјето. Се бара професијата да признае дека малку се подизгуби од патот и дозволи да се дојде до дереџе да се гуши научната дебата. А дотогаш, да се сопре со ваквите вакцини.

Лекари и медицински професионалци потпишуваат петиција со која се повикува на итно суспендирање на сите мРНК вакцини за ковид, предупредувајќи на алармантен пораст на инвалидитети и вишок смртни случаи.

Онлајн петицијата, позната како HOPE Accord, ја алармира меѓународната јавност и сите институции на кои им беше дадено медицинско овластување за итна употреба на ваквите вакцини, наведувајќи дека „сè поголем број докази сугерираат дека тие придонесуваат за алармантен пораст кај инвалидност и прекумерна смрт“.

Во петицијата се повикува на сеопфатна ре-евалуација на сите производи за ковид за која треба да се обезбедат соодветни ресурси за независни истраги, за да се обезбеди увид во ефектот на вакцините, и на краток и на долг рок.

Се бара и итно да се препознаат и да им се даде поддршка на оние кои на кој било начин настрадале од вакцинацијата, и како третман и како компензација.

„Медицинската професија мора да води признавајќи дека го изгубивме патот. Со привлекување внимание на овие медицински и етички прашања околу реакцијата на ковидот, се надеваме дека ќе осигураме дека релевантните факти се познати и дека се научени виталните лекции. Потребна е искрена и темелна истрага, адресирање на основните причини кои нè доведоа до институционално групно размислување, конфликт на интереси и задушување на научната дебата“.

Петицијата се совпаѓа со отвореното писмо до Генералниот медицински совет на Англија на британскиот кардиолог д-р Асеем Малхотра, гласен застапник политиките за вакцини да се базираат на докази.

„Постојат непобитни докази дека овие вакцини претставуваат сериозен ризик за некои поединци. Тековните податоци покажуваат дека тие предизвикуваат повеќе штета отколку корист“, предупредува тој. 

Малхотра наведува податоци од клинички испитувања, опсервациони студии и извештаи од обдукција, тврдејќи дека повеќето смртни случаи што се случуваат во рок од две недели после вакцинацијата може да се припишат на мРНК вакцините.

13 декември 2024 - 19:56