Рижото

Пица рижото

Вкусна комбинација од ориз, домати и печурки.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
50 мин.

Вкупно време:
1 ч. 5 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1л. зеленчукова супа од коцка
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 100гр. шунка, исецкана
  • 200гр. шампињони, сецкани
  • 1 пиперка, сецкана
  • 300гр. ориз
  • 125гр. чери домати, преполовени
  • 200гр. рендан кашкавал за пица
  • 2 лажици ситно сецкан босилек

Подготовка

Во тенџере на среден оган измешајте зеленчукова супа од коцка и лук. Гответе ја 6 минути додека да почне да врие.
Во меѓувреме загрејте половина од маслото во тава на силен оган. Пржете ги шунката, печурките и пиперката. Гответе ги со мешање околу 5 минути. Префрлете ги во чинија.
Загрејте го остатокот од маслото во тава. Додадете го оризот и гответе го 1-2 минути. Додадете 1/3 од супата. Гответе го оризот со мешаање додека да се апсорбира течноста. Повторете ја постапката со остатокот од супата. Потоа додадете ја смесата од шунка и домати во оризот. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Гответе го рижотото уште една минута, додадете го кашкавалот и босилекот и промешајте.
Послужете го веднаш.

3 мај 2013 - 19:31