Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
5 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 200гр. пченкарен чипс
- 1 лажица буковец
- 1 колбас, преполовен и исецкан на ситни парчиња
- 160гр. рендан кашкавал
- 125мл доматна салса
- 90гр. кисела павлака
- ливчиња кориандер за декорација
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Поставете го чипсот во тавче. Зачинете го со буковец. Одозгора наредете ги парчињата колбас и изрендајте го кашкавалот.
Печете го чипсот 5 минути додека да се растопи кашкавалот. Декорирајте го чипсот со доматна салса и павлака. Додадете ливчиња кориандер и послужете го веднаш.
Пријатен апетит!