Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- малку растопен путер
- 2 лажички маслиново масло
- 80гр. рендани тиквици, процедени
- 60гр. рендани моркови
- 50гр. рендан пашканат
- 2 главици млад кромид, ситно сецкан
- 3 јајца, лесно изматени
- 40гр. рендан кашкавал
- 2 лажици сецкан магдонос
- 1 лажица брашно
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте правоаголно тавче за печење со малку растопен путер. Обложете го со хартија за печење.
Загрејте масло во тава на среден оган. Додадете ги тиквиците, морков, пашканат и кромид. Гответе ги со мешање 4-5 минути додека да омекнат. Потоа тргнете ги од рингла за да се изладат.
Измешајте го зеленчукот со јајацата и додадете кашкавал, магдонос и брашно. Мешајте додека да добиете изедначена смеса.
Со лажица префрлете ја смесата во подготвеното тавче. Печете ја во рерна 12 минути. Оставете да се излади околу 10 минути пред да ја расечете на 12 долгнавести парчиња.
Послужете ги зеленчуковите прсти веднаш.