Италијанска кујна

Лазањи со пилешко

Вкусна варијанта на познатиот специјалитет.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 250гр. рендан кашкал
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 главица кромид, ситно сецкан
  • 500гр. мелено пилешко месо
  • 250гр. спанаќ
  • 400гр. домати од конзерва (пелати)
  • 2 лажици доматна салца
  • 1 лажичка оригано
  • 1 кутија лазањи
  • зелена салата како прилог

Подготовка


Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте со малку масло огноотпорно тавче.
Загрејте масло во тава на среден оган. Испржете го кромидот со мешање 3-4 минути за да омекне. Зголемете ја јачината на ринглата и додадете го пилешкото. Гответе го со мешање околу 8 минути.
Додадете спанаќ, домати, доматна салца и оригано. Добро измешајте ја смесата. Гответе ја уште 5 минути.
Ставете 1/3 од смесата со пилешко на дното на тавчето. Додадете 1/4 од ренданиот кашкавал. Наредете еден слој листови лазањи. Поввторете ја постапката додека да добиете 3 слоја лазањи и завршете со рендан кашкавал најгоре.
Печете ги лазањите 30 минути. Послужете ги веднаш со свежа салата.

1 април 2013 - 07:00