Најстариот и најпознатиот Гренд слем турнир за прв пат се играше во 1877 година во југо-западен Лондон, а јагодите за време на натпреварите се јаделе уште од тоа време.
Како станале традиција на Вимблдон нема некое посебно објаснување, туку тоа веројатно се случило спонтано.
„Веројатно поради две работи, а тоа е бидејќи сезоната на јагодите е точно во времето кога се игра турнирот и тоа што стана модерно да се јадат уште од времето на кралицата Викторија. Тие се дел и од попладневниот чај кој исто така е модерен ритуал“, објаснуваат од Вимблдон.
Јагодите обично се служат по 10 комада, а една порција чини 2,5 фунти. Лани за 15 дена тенис се изеле 28.000кг или во просек по 9.466 порции дневно.
Тие секогаш се тазе. Се берат ден пред да се стават во продажба. Пристигнуваат рано наутро во 5:30 часот и потоа се чистат и се проверуваат за да бидат спремни пред мечевите кои почнуваат во 13 часот.
„Многу луѓе го гледаат Вимблдон како играње тенис во англиската градина и кога ќе помислат дека се наоѓаат на турнирот веднаш им текнува дека треба да јадат јагоди со шлаг и Pimm (овошен ликер). Тие сакаат да знаат за традициите, а јагодите се неизбежен дел“.
Учесниците треба да ги јадат умерено, бидејќи шесткратниот освојувач на Вимблдон Џорџ Хилијард загубил во полуфиналето во 1907 година, откако за време на долгата пауза поради дожд се прејал јагоди.