Работата е кампањска, две недели во годината, но бара долга и мачна подготовка, познавање на тениските правила, тренинг и стоење на сонце по 12 часа дневно. За децата е престиж да им држат чадор на Федерер и Ѓоковиќ.
По 2 часа и 56 минути, Новак Ѓоковиќ стигна до својот трет трофеј на Вимблдон, а Роже Федерер по четврти пат излегува поразен од десеттото финале на Ол Ингланд клубот.
Двете доминанти фигури во женскиот тенис имаат ривалство кое често излегува и надвор од рамките на спортот, а денес на Вимблдон ќе се сретнат во полуфиналето.
Акцијата е во тек, но не е познато за која победа се работи. Веројатно тоа е поради триумфот во осминафиналето на Вимблдон каде Ѓоковиќ два дена се мачеше против Андерсон и по негативата од 2:0 по сетови, успеа да направи пресврт.
Енди Мареј се избори за полуфинале на Вимблдон откако со 3:0 го елиминираше Канаѓанецот Васек Поспишил. Во првиот сет имаше и едно аматерско сервирање на кое се изначуди публиката.
Маша Шарапова е најпозната по тоа што многу вика кога го удира топчето, но неа ја надминаа Азаренка и Серена Вилијамс во четвртфиналето. Публиката се смееше, а нив тоа им засмета при поенот.
Во ситуација кога машкиот шпански тенис стагнира, на Вимблдон се вее шпанското знаме поради тенисерката која ќе ја брани честа на оваа земја во полуфиналето.
Откако го доби маратонот со Кевин Андерсон со 3-2 во сетови, Новак Ѓоковиќ го анализираше мечот и се извини за тоа што во еден момент нервозно му се развика на девојчето што собира топки зад него.
Пцовки, скршени рекети, казни, прегратки, аплаузи. Содржински најбогатиот дуел од досегашниот тек на Вимблдон го одиграа Французинот Ришар Гаске и Ник Кирјос од Австралија. Славеше повозрасниот.
Хрватот Иво Карловиќ стана највозрасниот тенисер (36 години и 134 дена) што ќе игра во осминафинале на Вимблдон, откако денес во 4 сета го совлада Жо Вилфред Цонга. Сепак победата на „џинот“ остана во сенка на неверојатниот судискиот превид во последниот сет.
Дастин Браун направи земјторес во тенискиот свет, откако вчера со 3-1 во сетови го совлада Рафаел Надал и го елиминираше Шпанецот уште во второто коло на Вимблдон. Штедел пари да игра на помали турнири, а спиел во кампер што му го купиле родителите.
Професионализмот и квалитетот на тенисот, комбиниран со Олд скул тревата и џентлменската публика го прават турнирот кој влезе во 138. година од постоењето, најпрестижен во светот.
Финецот Јарко Ниеминен денес го одигра последниот меч во кариерата на Вимблдон, а Ѓоковиќ го препозна моментот и го почека Ниеминен заедно да излезат од теренот. Додека излегуваа, Ноле заедно со публиката го поздравуваше ветеранот.
Шампионот на Вимблдон од 2002. година, Австралиецот Лејтон Хјуит загуби во првата рунда од Јарко Ниеминен со 3-2 во сетови и на тој начин се прости од местото на кое најмногу сакаше да игра тенис.
Тенисерите кои пред пет години влегоа во историјата како играчи кои играле најдолг меч на Вимблдон, станаа блиски пријатели кои планираат да бараат доживотна вајлд-карта на Ол Ингланд клубот.
Светскиот рекет број еден уште еднаш ги покажа своите човечки квалитети, откако се дружеше и поигра тенис со 7-годишно дете кое боледува од ретка болест. Во понеделник Ноле го почнува Вимблдон против Колшрајбер.
Најпрестижниот Гренд слем се одржува по 129 пат, а 48-ми во новата ера. Бранител на титулата е Новак Ѓоковиќ, а во женска конкуренција Петра Квитова. Најтрофејни се Пит Сампрас и Рожер Федерер со 7 освоени титули, а кај жените Мартина Навратилова со 9 трофеи.