Како ги одбираа децата што собираат топчиња на Вимблдон

Работата е кампањска, две недели во годината, но бара долга и мачна подготовка, познавање на тениските правила, тренинг и стоење на сонце по 12 часа дневно. За децата е престиж да им држат чадор на Федерер и Ѓоковиќ.

Вимблдон е првиот тениски турнир кој воведува ball boys, а тоа се случува во 20-те години. Децата се одбираат од локалните училишта во Лондон и тоа по препорака од наставничките.

Секоја година аплицираат меѓу 700 и 1.000, а работата ја добиваат 250 деца на просечна возраст од 15 години. Патот за да се стигне до Вимблдон е многу тежок. Децата прво пополнуваат тестови со преку 200 прашања и треба многу добро да го знаат тениските правила.

Тие што ќе го поминат тестот потоа се спремаат физички, трчаат и прават разни вежби, како склекови и сл. Способноста која мора да ја имаат беспрекорно е додавањето со топчињата и тоа треба да го прават прецизно како еден шампион во снукер без да се помрднат од место. Редовна вежба им е додавањето на топчињата директно на рекетите на играчите.

И покрај високите температури за време на турнирот, постои правило и кога смеат да пијат вода, а тоа е дозволено само додека играчите се на пауза.

Привилегираните 250 деца кои се одбираат секоја година, тренираат 2 и пол часа дневно, 8 месеци пред почетокот на Вимблдон. На турнирот се ангажирани од 12 до 14 часа дневно, а дневница им е 165 фунти.

Според Вимблдон до сега на историјата на турнирот се играло со 54.250 топчиња.

13 јули 2015 - 18:51