Легендарниот бразилски бек при ждрепката за Лигата на шампионите прво извади едно од топчињата, па ја врати и извлече друга. Тоа ги збуни гледачите и водителот. Во тоа топче беше бугарскиот Лудогорец кој падна во група со ПСЖ, Арсенал и Базел.
Работата е кампањска, две недели во годината, но бара долга и мачна подготовка, познавање на тениските правила, тренинг и стоење на сонце по 12 часа дневно. За децата е престиж да им држат чадор на Федерер и Ѓоковиќ.